Јас постојано сум истакнувал дека не можат да се прават споредби меѓу читањето на историјата, што го направија Германија и Франција од една страна, и Германија и Полска од друга. Зашто, таму станува збор за апсолутно различни народи, за апсолутно различна историја. Додека кај нас станува збор за еден народ, кој на времето, за жал, заради политичките околности се поделил на два. Ако правиме споредби, тие можат да бидат меѓу Грција и Кипар, меѓу Романија и Молдавија, меѓу Албанија и Косово, меѓу Србија и Република Српска, меѓу Хрватска и Хрватско-муслиманската федерација.

Ова за бугарски „Факти“ го изјави членот на заедничката бугарско-македонска комисија за прашања од историјата и учебниците, професор Иван Илчев. Тој додава дека сосема случајно разбрале оти во македонската комисија како консултанти биле ангажирани двајца западни консултанти.

Во Македонија, во која скоро 100 години се спроведува една политика, да застане еден политичар против таа наметната тенденција е исклучително опасно за неговата политичка иднина. Тоа што го направи претседателот на Македонија, Стево Пендаровски со Гоце Делчев беше еден огромен чекор напред. Рече дека Гоце Делчев е Бугарин. Се разбира, додаде дека се борел за самостојна Македонија, што објективно гледано е вистина доколку водачите на ВМРО немале надеж дека Македонија може да биде присоединета кон Бугарија и нејзината иднина ја гледале повеќе како една автономна држава, вели Илчев.