Христијан Мицкоски е убедлив победник на денешниот тв дуел. Тој покажа супериорност во однос на Зоран Заев и во целата дебата ја имаше контролата.

На конкретните обвинувања од страна на Мицкоски, Заев одовораше со доза на цинизам и надменост па дури и се смешкаше. Дури и го опомена Мицкоски зошто е нервозен за пожарот во Тетово.

На тоа Мицкоски му одговори дека е нервозен бидејќи 14 луѓе изгореа.
Наместо конкретни одговори, Заев се служеше со флоскули и во ниту еден момент не кажа дека ќе го смени министерот за здравство.

Да ја почекаме истрагата-се правдаше Заев.

За разлика од него Мицкоски зборуваше со факти, наведувајќи дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ и посочувајќи дека не е потребна само морална, туку и кривична, како и политичка одговорност.

Нелогиечн беше и одговорот на Заев зошто Македонија има толку починати од корона.Заев ги обвини граѓаните дека се виновни бидејќи доцна оделе на лекар и оти за тоа е виновен нашиот менталитет.

На тоа Мицкоски имаше контрапрашаање што е различен нашиот менталитет со тој во Србија, Албанија, Хрватска…?

Наместо да тргнете по набавка на вакцини или пак да се вклучиме во некој проект за производство вие трчавме по провизии-обвини Мицкоски.

Со дебата Мицкоски докажа дека не се сите исти и оти има разлика меѓу него и Заев. Затоа можеби Заев цело време беше отсутен и без допир со реалноста. Нервозата на неговото лице доволно кажува како си поминал на дуелот.