На терен почнаа градежни активности за реконструкција на улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), еден од главните влезови од Центар кон општина Аеродром.

Ќе се реконструираат 800 метри од улицата од Транспортниот центар до булеварот Јане Сандански. Активностите ќе чинат околу девет милиони денари.

Како што истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, очекувањата се дека градежните работи ќе бидат завршени за една недела, односно пред почетокот на училишната година, со што учениците од училиштето Браќа Миладиновци без проблеми да можат да одат на настава.

работи