Под големо полициско обезбедување почна изрекувањето на пресудите за настаните од 27 април. Во кривичниот суд беа доведени обвинетите и судиката Добрила Кацарска почна да ги чита пресудите.

На судењето се присутни и голем број на роднини и пријатели на обвинетите кои преку стакло им даваат поддршка.

Пресуди ќе има за 17, од првично 33 обвинети.

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.