Две лица починаа во тешката сообраќајна несреќа на северната страна на скопската обиколница, откако синоќа еден од повредените полицајци им подлегна на повредите.
На социјалните медиуми се појавија и видео од местото на несреќата на кои може да се види дека станува збор за тешка несреќа во која од силината на ударот експлодирало едно „бмв“.
Полицијата соопшти дека било пријавено оти на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки.
Несреќата се случила кога сообраќајни полицајци стопирале возило „бмв“ поради возење со преголема брзина, по што додека разговарале со возачот во него удрил камионот. По сударот, автомобилот се придвижил и удрил во полициската кола. Силниот удар предизвикал експлозија и при што го запалил „бмв-то“ и на лице место настрадал совозачот.
Повредени беа и двајцата полицајци при што едниот синоќа им подлегна на повредите. Во болница е сместен и возачот на камионот како и возачот на автомобилот. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на оваа тешка сообраќајна несреќа.
Comments are closed for this post.