По вчерашното пишување на Пресинг ТВ, министерот за правда Кренар Лога,  вчера попладне го депонирал својот попис во Граѓанскиот суд. Лога ова го направи цели три месеци по неговиот избор на министерската позиција.

Депонираниот потпис значи дека граѓанските судови во државата ќе можат веќе да ставаат апостил на документи, што им се неопходни на граѓаните за испраќање во странство.

Апостилот се става за докажување на автентичноста на оригиналните документи издадени од надлежните институции.

Најчесто станува збор за докажување на оригиналните уверенија за завршени различни степени на студии, дипломи, положен правосуден испит, изводи од матични книги на родени… На годишно ниво, бројот на овие неопходни документи, пред се, за во странство е огромен.