Драги Рашковски  поднесе оставка до премиерот Зоран Заев, во која вели дека му е жал за тоа што проектот нема да се изреализира и земјава и понатаму ќе биде во редот за земји со најголем број жртви во сообраќајот.

Тимови на истражители  на 09-ти овој месец влегоа во канцелариите на фирмата „Инвока Груп“ од која е купен софтверот за детектирање на сообраќајни прекршоци кои се наоѓаат во станбена зграда како и во домот на сопственикот на фирмата. Претрес во домот на Рашковски немаше.  Тој не одговори на телефонските повици.

Од Обвинителството, кое по допрен глас почна да го испитува случајот, информираат дека станува збор за предистрага и во оваа фаза не можат да соопштат никакви детали