Ставање брана на политичкото мешање и влијание врз обвинителството, како и предлагање законски решенија кои ќе стават крај на „Обвинителство во корист на монархот“, е платформата со која опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес попладне седнува на преговарачка маса со владејачката СДСМ за законите поврзани со судските реформи.
Станува збор за закони кои нема да се носат со т.н. европско знаменце, туку ќе се бара широк конзензус – законите за Јавното обвинетелство и за Советот на јавни обвинители како и тој, кој има ознака „контроверзен“, за Специјалното јавно обвинтелство (СЈО) и за кој мрежа невладини организации побара да не биде ставен на усвојување, туку да се доработи.
Пресинг екслузивно дознава за некои делови од платформата на опозициските демохристијани, кои на преговирте ги предводи адвокатот Тони Менкиноски, кој има искуство и со случаи пред Судот за човековите права во Стразбур. Тој „њу дил“ во судскиот систем кој ќе го фаворизираат тргнува од премисата дека „во тоталитарните држави или во современите диктатури, кривичното гонење и понатаму се користи како средство за репресија и корупција“.
Ваквата Супрематија не треба да се дозволи да биде составен дел на Предлог-законот за Јавното обвинителство, иако одредени одредби индицираат на оваа појава, а како што се членот 100 став 3 и 4, каде Владата и Собранието мораат, императивно – „да го одобрат буџетот на Специјалното обвинителство без приговор“. Флагрантно нарушување на основите демократски принципи“!, стои во платформата чии делови ги имаше на увид Пресинг ТВ.
Работната група на СДСМ, ја предводи министерката за правда Рената Дескоска, а двете групи е предвидено денес во 16 часот во Министерството за правда да ја имаат првата средба.
Власта очекува со опозицијата да се испеглаат законите до крајот на март, односно пред почетокот на кампањата за претседателските избори. Според власта, тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ на почетокот на јуни.
За опозицијата е важно да се фатат роковите кои би ги отвориле европските врати, но од друга страна за неа е поважно да се донесат квалитетни закони, кои нема да бидат само козметички измени, туку ќе донесат нешто „суштинско во интерес на граѓаните“.
Еден од клучните предлози на ВМРО-ДПМНЕ е дека исто како адвокатите и судиите, и обвинителите треба да бидат одговорни за начинот на кој ги извршуваат своите должности и функции, но во исто време да постојат и механизми за заштита на нивната независност.
Со тоа ВМРО ДПМНЕ имајќи ја во предвид сериозноста на последиците кои можат да настапат од неадекватен пристап во оваа материја, афирмативно ќе предложи решенија во согласност со македонското законодавство и меѓународните стандарди“, се наведува во платформата.
Законски дупки во Јавното обвинетелство
Во Предлог-законот за Јавното обвинителство отсуствуваат круцијални глави, а кои се однесуваат на усогласување со новиот Закон за кривична постапка и неговата примена како и имплементација на меѓународни стандарди, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.
Не е нормиран односот на Обвинителството со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална работа, Судството на Република Македонија и следењето на европските регулативи и судски практики на Европскиот суд за човекови права. Предлог-законот за Јавното обвинителство не ги има земено во предвид меѓународни акти кои се суштествени во оваа област“, смета адвокатот Менкиноски.
Меѓународни акти кои се прескокнати
Предлог законот за Јавното обвинителство, како што смета Менкиноски, не има земено во предвид меѓународни акти кои се суштествени во оваа област. Тоа, според лидрот на опозицискиот тим во преговорите се: Препорака Rec (2000) 10 на Комитетот на министри до земјите-членки за кодексите на однесување за јавни службеници, од 11 мај 2000 година; Препорака Rec (2000) 19 на Комитетот на министри до земјите-членки за улогата на јавното обвинителство во системот на кривичната правда, 6 октомври 2000 година; Препорака Rec (2003) 13 на Комитетот на министри до земјите-членки за обезбедување на информации преку медиумите во врска со кривичните постапки, 10 јули 2003 година; Препорака Rec (2012) 11 на Комитетот на министри до земјите-членки за улогата на јавните обвинители надвор од системот за кривично право, 19 септември 2012 година; Конференција на генерални јавни обвинители на Европа, 6-та сесија, Европски насоки за етика и однесување на јавните обвинители – „Упатства за Будимпешта”, 31 мај 2005 година; Венецијанска комисија, Извештај за европските стандарди во врска со независноста на судскиот систем: Дел II – Служба на обвинителството, CDL-AD (2010) 040, 3 јануари 2011 година; Комисија на ОН за превенција на криминалот и кривично право, Резолуција за зајакнување на владеењето на правото преку подобрен интегритет и капацитет на обвинителската служба, E / CN.15 / 2008 / L.10 / Rev.2, 17 април 2008; Упатства за улогата на обвинители усвоени од Осмиот конгрес на Обединетите нации за спречување на криминалот и третман на престапници, Хавана, Куба, 27 август – 7 септември 1990 година; Совет на ОН за човекови права, Привремен извештај на Специјалниот известувач за независноста на судиите и адвокатите, А / 65/274, 10 август 2010 година; Меѓународна асоцијација на обвинители, Стандарди за професионална одговорност и изјава за основните должности и права на обвинителите, 23 април 1999 година; Меѓународна асоцијација на обвинители, Декларација за минимални стандарди во врска со безбедноста и заштитата на јавните обвинители и нивните семејства, 1 март 2008 година.
Comments are closed for this post.