Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 11 март месецов напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава осврнувајќи се на пописот, локалните избори и ковид пандемијата, а истото очигледно вложи со плод кој резултираше со откажување на пописот по лидерската средба во понеделникот.

Тој во писмото до меѓународниот фактор пишуваше дека Македонија, како и остатокот од Светот се соочува со нов бран на КОВИД 19. Но во исто време државава се наоѓа на дното во Европа по број на вакцинирани.

Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостаток на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје.Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред се на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот, стои во писмото.

Тој подвлече дека проблемот во немањето на консензус во врска со прашањето околу пописот е само во владата на Заев.

Прашања како пописот, во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус. Немањето на ваков консензус, не донесе до слепа улица, при што единствена солуција која останува е одлагање на пописот.

Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека  одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде КОВИД кластери.

Како лидер на опозицијата смета дека има обврска кон граѓаните и дека треба да се најде решение за ситуацијата.

Како дел од решението тој предложи:

Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември, стои во писмото на Мицкоски.

Тој напомена дека низ лично искуство најдобро знае низ што поминуваат заразените од Ковид како и информациите за личните трагедии на илјадници семејства што треба да биде аларм за државата суштински да делува.

Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме, стоше во писмото испратено до меѓународните фактори на 11 март.

Инаку по лидерската средба во понеделникот Мицкоски и Заев се договорија да се одложи пописот за во месец септември и истиот тогаш ќе трае 25 дена од 1 до 30 септември.

Локалните избори пак ќе следуваат во втората половина од октомври.