Термините до 13 април се пополнети, се работи за повозрасна популација. Се изнаслушавме, дека не треба да се дава на возрасни „Астра Зенека“, па имаше информација дека не треба таа вакцина да се дава на помлади луѓе. 24.000 дози се за цела држава, 10.000 дози од оваа вакцина се за Скопје, а и другите Здравствени домови добиле одредени количини. Во меѓувреме се надеваме дека ќе дојдат и останатите дози па вакцинацијата ќе продолжи непрекинато. На еден час ќе има по 6 граѓани во вакциналниот пункт. Конкретно за поликлиника „Јане Сандански“, во прва смена има по двајца лекари и три медицински сестри, имаме искуство, на истите тие пунктови се вакцинираа и здравствените работници. Ги охрабрувам граѓаните слободно да одат на вакцинација, организирани сме. Во оваа поликлиника се одвива и ревакцинација за здравствените работници, од цела Македонија – вели Виктор Исјановски – директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за Студио 10 на ТВ24.