Од осум држави на Балканот, петте најчитани информативни сајтови во Република Македонија минатата година најмалку користеле руски извори на информации. Ова го покажува истражувањето на невладината организација Национален фонд за демократија од Бугарија, чии резултати ги објави Сега.бг.

Македонските портали во текот на 2022 година пренеле само 615 информции од Раша тудеј, ТАСС, РИА, Новости и Спутник.

Со истражувањето биле опфатени Република Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугрија.

Најмногу информации од наведените руски медиуми биле пласирани во Бугарија, дури 6.090.

Најверојатно ова било и причината, што Сега.бг текстот го насловил како „Руската шпионажа кај нас (Бугарија н.з.) цвета“.

-За Кремљ воопшто не претставува потешкотија својата пропаганда да ја шири во бугарските медиуми. Информативната војна на руското разузнавање во Бугарија „се плаќа во копејки“, тврди новинарот од порталот Bellingcat, Христо Грозев, по кого трагаше Руската Федерација.

Според него, станува збор за текстови, што чинат 150 евра.

-Даден напис, напишан од ГРУ (воената разузнавачка служба на Русија-н.з.), во Русија, во бугарските медиуми се објавува за 150 евра. Незначителни суми водат до значително влијание врз јавното мислење во Бугарија, што не смее да се случува, изјави Грозев.

Според него, руската пропагандна мрежа оперира преку македонскиот државјанин Дарко Тодоровски, кој се води како дописник од Бугрија.

-Тој реално не е новинар, туку дописник, кој добива задачи од Русија и преку своја мрежа во Бугарија успева за пари да ги објавува тие написи. Најскапиот стигнува до 600 лева (300 евра н.з.), вели Грозев.