Клиниките за ендокринологија, за детски болести, за нефрологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и на Општата Болница Охрид денеска им беа доделени сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитација.
Акредитацијата во здравствените установи е најраспростанетиот механизам, што во светот се користи за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и квалитетот на работата на здравствените установи.
Овој процес е задолжителен за сите јавни здравствени установи, а се состои од внатрешна евалуација, која треба да помине пред комисијата што ја формира Агенцијата и доставува извештај до Министерството за здравство.
Процесот на акредитација е почнат во 2014 година, а првите сертификати во 2016 година се доделени на Заводот за геронтологија „13 Ноември“, ПЗУ „Плодност“ Битола, како и приватните здравствени установи „Систина“ и „Жан Митрев Клиник“.
Comments are closed for this post.