Зоолошката градина Скопје по 26 години повторно станува дом на слонови. Дуња и Даела се новите жители на нашата Зоолошка градина, а посетителите ќе можат да ги видат во сабота. На забавата по повод доаѓањето на слониците насловена „За европска Зоолошка“ ќе настапат хорот на Златно злавејче и Пет+ бенд.

Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години.