Кандидатот за претседател на владеачката коалиција, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Диво Насеље потсети на активностите на владеењето на Груевски во кое според него се внесувале поделби помеѓу граѓаните.

Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата е нашата, ние што нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И, втората, предводна од противкандидатката, која вели дека сè што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација, рече Пендаровски.