Во врска со нашата позиција во однос на проширувањето, претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг вели дека е извесно оти бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и соработка меѓу европските земји.
Во изминативе години имавме преголеми очекувања. Бугарскиот премиер Кирил Петков е осамен лик на политичката сцена на Бугарија. За нас таа приказна е завршена и не моеме да очекуваме промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото што го наметна кон нашата земја. Моја проценка е дека Петков се обидува со сѐ што прави да го омекне националистичкото крило во Бугарија. Имаше анкета и кај нас во која 72 отсто од граѓаните се против договор со Бугарија дури и при услови на зачувување на нашиот идентитет, вели Пендаровски.
Пендаровски потсетува дека има стравувања во врска со Отворен Балкан, чијашто идеја е добра, но постои можност да стане алтернатива на Европската унија, во некој формат каков што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш беше поддржано од германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ние по 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас, вели претседателот Пендаровски.
Comments are closed for this post.