Кандидатите за претседател, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денека имаат закажано нови митинзи. Пендаровски ќе биде Ресен и Битола, а пак Силјановска во Ѓорче Петров и Куманово.

Вчера двајцата кандидати имаа собири. Пендаровски одржа трбина во Делчево на која потенцираше дека  во Европа нема што да бара ако не можеш да ги решиш проблемите со соседите.

Според него,сите тие тешки прашања се решиле за година две.

За година време потпишавме договор со Бугарија, наместо многу поодамна. Дојде на ред уште потежок договор. Тоа што мислеа дека никој не може да го реши, Заев и Ципрас го решија. Наместо да се расправаат за историја, решија проблем стар со години. Исто така, видлива беше и тешката економската ситуација во државата. Наследивме пустош, особено во економијата. Во трезорот кога оваа влада ја презеде власта немаше пари за пензии и плати. Претходно се беше опљачкано. Од таа позиција да дојдеш до стабилизација и плус да ги решиш проблемите со соседите заслужува огромен аплауз, истакна Пендаровски.

Силјановска пак од Битола уште еднаш повтори дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите за членство со ЕУ иако власта пред една година говореше дека тоа загарантирано.

Што велат извештаите за земјата во која дојде животот две и пол години потоа? Велат дека економијата е 0. Велат дека реживот е хибриден, не е либерален, знаи нема демократија. Далеку сме од владеење на правото, не се справуваме со корупцијата и криминалот. Непотизмот цвета, а нема стручна јавна администрација, потсети Силјановска