Шефот на државата Стево Пендаровски нагласува дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон европското семејство, нагласувајќи дека Европа мора да биде поодлучна по тоа прашање.

Тој во интервју за Радио телевизија Црна Гора истакна дека Македонија е сто процентно согласна со Црна Гора кога станува збор околу визијата за регионот, посебно во делот на европската и евроатлантската иднина.

Се надевам дека тоа ќе оди побрзо. Каква е тоа порака за нас, кои се уште не сме почнале со преговарање. Ако вие преговарате седум години и се уште нема светло на крајот од тунелот, тогаш што да им кажам на моите граѓани, колку ќе трае ова, 15-20 години?, наведува Пендаровски во интервјуто.

Се што побараа од нас, се исполнивме, вклучувајќи ги и тешките компромиси. Сега е ред на Европа да го исполни тоа што го вети, додава тој.