Стево Пендаровски објасни зошто се преселил во претседателската резиденција на Водно. Тоа го направил за неговото обезбедување да не им пречи на соседите во секојдневниот живот.

Во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. Според безбедносните правила, тоа ќе значи и промена на режимот на слободно движење на соседите. Затоа не сакав да им биде некомотно, рече Пендаровски во емисијата „360 Степени“ на „Алсат“.

Досега неговата адреса на живеење беше во скопска Автокоманда, пред да се пресели со своето семејство во Вила Водно.