Стево Пендаровски признава дека е продолжение на заевизмот – кажувам, заборавам, негирам, изјави на прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, Зоран Заев и Пендаровски се двете лица на иста паричка и тоа и самите го кажуваат. Потврда за тоа е кога Пендаровски вели дека Заев може да зборува за неговите програмски определби и дека 102,5% се исти политички и дека имаат исти програмски цели.

Во овој контекст, Стоилковски наведе дека Пендаровски е „за јадење живи луѓе и оставање на луѓе на улица“, додека поддржува криминал во кој царуваат компаниите на кланот, дека поддржува непотизам и преполнување на администрацијата, одобрува трговија со влијание, односно селективна правда и трговија со правото и правдата за партиски цели…

Ова значи дека Стево Пендаровски смета дека Македонците во Грција зборуваат „некој друг јазик“ различен од македонскиот, и тој се плаши и срами да одговори дали тие зборуваат македонски. Ова значи дека Стево Пендаровски е дел од лагата како познатата „Додека дишам, додека ме држи памет“, изјави Стоилковски.

Тој додаде дека на Македонија и еден Заев и е преголема тежина, зашто  се срами и ги крие химната и гардата на Република Македонија, додека Пендаровски „лаже дека идентитетот е забетониран“, а и тој се  срами пред гости, државници од македонската химна. А, тоа е еднакво „на лагата ние сме Македонци, ама по дома“ и оти „химната може да си ја пееме, тивко, по дома – или затворени во сала“.

Ако Заев и Пендаровски се 102,5% исти, ако политиките се исти, тоа е отворено признавање дека Заев на овие избори трга по апсолутна власт. Претседател нема да е Пендаровски, туку Заев, за ништо долготрајно да не му застане на патот на криминалот, на заевизмот, на непотизмот, додека државата тоне со промашена економија, промашена политика, газење на човековите права, газење на демократијата и злоупотреба на системот за репресија врз граѓаните, рече Стоилковски.