Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Штип и како што рече ќе разговараат со луѓето коишто во последно време се на маргините од страна на оваа Влада.

Изминатиот период во рамките на Парламентот преку Министерството за труд и социјала беше поднесено предлог законско решение. ВМРО-ДПМНЕ откако детално го разгледа и откако направи сериозни консултации со лицата коишто им е потребна дополнителна заштита,  а ги третира овој закон, лицата со инвалидитет, лицата со посебни потреби поднесе голем број на амандмани. За жал соодветното министерство и министерката не најдоа засходно ниту пак имаа слух да ги погледаат, да ги прочитаат и да поразговараат со предлагачите тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ одлучија да продолжат насилнички како и впрочем и се однесуваат во овие две години самобендисано да го истуркаат законот на начин на којшто го истуркаа без да прифатат ниту една сугестија, ниту еден амандман коишто беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Иако морам да признаам и јас присуствував на еден од тие состаноци заедно со лицата со кој што се со посебни потреби, лицата кои се со телесен инвалидитет“, изјави Мицкоски.

За жал како што вели  надлежното министерство не успеа да најде, да собере храброст, ниту пак да има слух за сите овие потреби на овие лица.

Се крати финансискиот надомест, на овие луѓе се кратат дополнителното внимание коешто претходно беше предвидено така што ВМРО-ДПМНЕ заклучи и тогаш но еве и сега овдека можам да кажам дека ова законско решение кое што се протурка во рамките на Парламентот ниту ќе даде одговор ниту пак ќе биде во насока на олеснување на потребите и излегување во пресрет на потребите на овие лица. ВМРО-ДПМНЕ од како ќе победи на следните парламентарни избори еден од првите закони кои што сериозно ќе ги ревидира и ќе се обиде да ги врати сите оние амандмани кои што претходно ги предложивме и сите оние мерки кои што заедно со оваа категорија на лица ги донесовме односно ги усогласивме ќе бидат вградени во новиот предлог текст на новиот закон кој што ќе биде предложен од страна на преку Министерството за труд и социјална политика“, рече Мицкоски.