Политичка трговија со гласови не ни е потребна затоа што не можете на таков начин да ги земете гласовите и да ги префрлите“, изјави ден по изборите кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски и додаде дека тоа нему му е туѓо, како на човек, не само како на политичар.

Пендаровски додаде и дека треба да се поддржи тезата на кандидатот за претедател Блерим Река да не се тргува со гласовите, туку секој од избирачите сам да се определи за кој кандидат ќе го даде својот глас. Ако зборуваме за бројки тоа значи не зборуваме за личности, потенцира кандидатот за претседател.

За него не е поразително тоа што освоил помалку гласови во првиот круг во однос на изборите во 2014 година, бидејќи оваа влада донела тешки одлуки, како договорите со Бугарија и Грцја и Законот за јазици, што сепак влијае на расположението. Тој не смета дека потфрлила и коалициската ДУИ.

Тој изјави и дека е задоволен од вчерашните резултати од првиот круг на гласање, најавувајќи дека продолжува со изборната кампања во обид да ги убеди граѓаните да гласаат за неговата опција. Тој денеска ќе учествува на отворена граѓанска трибина во Карпош.