Шефот на Стево Пендаровски нема намера да коментира или пак да се извинува за изјавата дека „Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи.

 

„Сметаме дека од наша страна нема потреба за дополнителна изјава затоа што претседателот Пендаровски ги искажа јасно своите ставови во обраќањето вчера. Впрочем и гостите кои беа на комеморативниот настан за одбележување 80 години од холокаустот на македонските Евреи, меѓу кои и од Светскиот Еврејски Конгрес, Европскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Северна Македонија и „Симон Визентал“ центарот од Виена ги потврдија наводите изнесени во обраќањето на претседателот“, соопштија од Кабинетот на претседателот.