Откако вчера Бујар Османи најави дека наскоро Албанците во Македонија ќе го добијат првиот премиер се разгореа предвидувањата дека наскоро би можело да има предвремени парламентарни избори.

Иако рокот за нив е јуни следната година, многу е веројатно дека ќе се случат порано. Тенкото мнозинство кое го има власта и покрај влегувањето на Алијанса очигледно е дека не дава резултати. Главниот збор во Владата се знае дека го има ДУИ а СДСМ во спортски речник е само спотер.

Договорот за Албанец падна меѓу тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев и Али Ахмети пред изборите во 2020 година. Тие се договорија во последните сто дена премиер да биде Албанец иако остана нејасно дали тоа ќе биде техничкиот премиер согласно Договорот од Пржино или пак Албанец ќе седне на чело на Влада пред тие сто дена, односно шест месеци пред изборите.

Ако тоа се случи дека веќе пред Нова Година би можеле да очекуваме промени во Владата и најави за избори.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски коментирајќи ја изјавата на Османи нагласи дека не само што голем дел од јавноста го перцепира Ковачевски како нелегитимен премиер, туку и коалициските партнери во владата го гледаат само како привремен премиер кој наскоро ќе биде сменет.

–  Привремен премиер на Кого ДУИ му ги брои месеците пред да го сменат, без авторитет ниту во државата ниту од министрите во владата.  Премиерот што го најавува Османи е продолжение на процесот на дуизација на институциите од меѓународната заедница оценети како корумпирани, рече Стоилковски.