Стево Пендаровски од позиција на претседател  не верува во реципроцитет во односите со Бугарија и во економско закрепнување на Македонија.Тој вчера порача дека мораме без поговор да прифатиме што ни бара Бугарија и ЕУ.

Истиот Пендаровски кој прво велеше дека не слушнал за никаков француски предлог за по една недела да се пофали дека тој лично преговарал сега вели дека мора да ги внесеме Бугарите во нашиот Устав  додека за додавањето на Македонците во уставот на Бугарија фрлаше шегички на сметка на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонците кај нашиот источен сосед.

На кој начин што ќе ги натераме Бугарите да го променат нивниот Устав, за да можат да бидат признаени нашите Македонци кои таму живеат. Јас од овде им велам, ако успеат да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија, да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број, да бидат признаени како национално малцинство, јас ќе бидам првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ-рече вчера Пендаровски.

Па претседателе, се надеваме поранешен, на ВМРО-ДПМНЕ не им требаат поданици кои за Гоце Делчев велат дека е Бугарин, кој на Борисов му се обраќа со „љубави“, кој коленичи пред Радев како учениче.

Уште помалку пак такви што во 12 часот напладне велат дека нема да се кандидарираат за претседател а веќе напладне велат дека сепак ќе се кандидираат.

Се надеваме дека македонските граѓани на 8 мај ќе му ја исполнат желбата дека ако не е претседател и тој би се иселил од Македонија.