Кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, кампањата на претстојните претседателски избори ќе ја води под слоганот „Заедно напред!“ .

Одлуката е донесена на синоќешниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата.

На проширената средба на Централниот изборен штаб на која биле присутни сите министри, градоначалници и локални функционери лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата да се одржат кристално чисти избори.

Програмата на Пендаровски ќе се темели на  заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ. Пендаровски ќе ја започне кампањата со централен митинг од Прилеп во 20:00 часот.