Шефот на државата, Стево Пендаровски јавно му се извини на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за претседател, одржана на 26 април годинава на МРТВ.

„Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во март, 2019 година до Собранието на Македонија“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.