Ако ова е цената, не ни треба ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски зборувајќи за последните случувања во македонско-бугарските односи и нивното влијание врз преговорите за членство на Македонија во Европската унија во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија.

Ова е сосема поинаков став од пред неколку месеци кога тој велеше дека „ЕУ и НАТО ни се единствена опција“ и оти Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.