Прашан дали е можна ревизија на Преспанскиот договор,  претседателот Пендаровски смета дека е можно, но не е реално.

– Објективно во секоја идна Влада, како и досега, имате значаен албански партнер, на кои да не се лажеме, името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи бидејќи тие не се Македонци и тие би сакале да бидат во обединета Европа. За нив тоа е примарна политичка цел, појасни Пендаровски.

За примената на Преспанскиот договор, шефот на државата порача дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно, за трговската ознака, за што е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

– Се додека тоа не се направи, вие не можете да го присвојувате тоа име, истакна претседателот Пендаровски.

Прашан дали во сите прилики го користи името Северна Македонија, Пендаровски истакна дека го користи во официјални прилики.