Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, рекол Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на ЕУ и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.
Како што соопшти неговиот кабинет, Пендаровски кажал дека Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, како и дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.
На средбата се разговарало и за актуелните мерки и состојби во Унијата во насока на справување со пандемијата на ковид-19, при што претседателот Пендаровски се заблагодарил за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социоекономските последици од пандемијата.
Comments are closed for this post.