Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека со Бојан Јовановски се видел досега два пати. Првиот пат било во т.н. камп на револуцијата, а вториот пат било кога гостувал во неговата телевизија по повод враќањето на екраните на неговиот пријател Ацо Кабранов.