Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на нашата земја.

 Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

 Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции.