Министерот Бујар Османи демантираше дека добил нешто при посетата на Бугарија. Јас како претседател немам добиено ништо писмено ниту вербална информација за било каков сет на барања од бугарска страна, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според него, Македонија оди по билатерални канали за проблемот, кој се појави во односите со Бугарија, но ги користиме и добрите услови на Германија како претседавач со цел Албанија и нашата земја да бидат ставени на колесек кон ЕУ.
Тој рече дека две -три се забелешките на Бугарија. Станува збор за нивното толкување на нашиот јазик, оспорување на етногенезата, на македонската нација…

-До овој момент никој нема побарано промена на Уставот, ние можеме само да ги реафирмираме точките од Договорот доколку тоа и е потребно на Бугарија, потенцираше Пендаровски додавајќи дека е надвор од памет промена на Уставот или додавање на било какви анекси.