Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите потврди дека ги добил известувањата од пратениците од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојскоски, и од Павле Трајанов од ДС дека ќе делуваат независно од пратеничката група која ја предводи СДСМ, но рече дека нема најави или пак формално известување дека ќе се формира нова пратеничка група.