И премиерот Заев, слично како и шефот на дипломатија Бујар Османи не одговори дали Бугарија бара нов договор, сличен на Договорот со Преспа, но овој пат со уставни измени како што вчера обзнани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Наместо да даде одговор тој испрати критики кон Мицкоски дека е неодговорен.

Не знам на што мисли Мицкоски, но ние имаме разговори, тие се дел и пишани материјали. Јас не би ги коментирал изјавите на Мицкоски, затоа што сѐ што видовме од него е едно неодговорно однесување. Ние сме одговорни, сакаме договори, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека даваме максимални напори, позитивни аспирации, внимание и пријателство, за да ги постигнеме договорите и, секако, она што е најважно за нас, да ги заштитиме нашите интереси, но водејќи грижа и за интересите на бугарската страна.