Три кафулиња и јога студио во Скопје биле синоќа затворени од Пазарната инспекција бидејќи работеле после 21 часот. Директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски вели дека голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките на Владата и работат после дозволеното време. Ги заклучуваат кафулињата, гасат светло и седат во мрак, притоа служат пијалоци и храна.

Таков случај имавме синоќа со кафулето ‘Три кичен бар‘ каде гости имаме околу 22.30 часот. Кога инспекторите дојдоа пред вратата гостите избегаа во клубот ‘Станица 26‘ бидејќи има пристап дирекно. Но, наши инспектори отидоа и од таа стана и кога влегоа внатре затекнаа 30 лица. Исто се случува и со кафулето ‘Мош‘ синоќа имаше гости после 23 часот, а газдите се жалат дека сме биле селективни“, вели Пауновски,

Тој вели дека проблеми имаат и со асистенција на полицијата односно некои полициски екипи одлично соработуваат со нив, но други ги штитат сопствениците на локалите. Таков бил случајот синоќа при интервенција во „Три кичен бар“.
Од денес стапува на сила новиот пакет рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, со кои кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот. Мерки ќе важат до 21 јануари, а имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во претстојниот период на празници.