На колку гласови може да сметаат партиите без кампања и програма? И владејачката и опозициската партија прават анкети со кои ги мерат своите рејтизни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откри што велат анкетите на ВМРО-ДПМНЕ за партиските рејтинзи. Наспроти анкетата на ТИМ Институт нарачана од СДСМ според која владејачката партија води со околу 50 илјади гласови, Мицкоски тврди дека неговата партија води со најмалку 100 илјади гласови пред СДСМ.

Мицкоски бара предвремени избори за да се утврди кој е во право и вети дека ако загуби ќе работи со Заев на економијата и интеграциите во ЕУ и НАТО.

Тој рече дека „ ја слушнал изјавата на Заев дека многу се мали шансите да има предвремени избори, затоа што ќе сме имале огромни резултати, датум за членство во ЕУ и членство во НАТО….“

И таа изјава се темели на три столба. Првиот столб е преговори со ЕУ, влез во НАТО и силна економија и тогаш опозицијата немала никакви шанси. Во неговата изјава во два дена видов две различни тези. Првата е дека нема шанси за предвремени избори, а втората е дека кога и да има избори опозицијата нема шанси ако се исполнат овие три критериуми. Еве јас ја користам оваа прилика да го повикам да се охрабри, бидејќи има анкета ја презентирал ја бифирал пред новинарите на тој брифинг дека водат. Еве, да се охрабри и веднаш да го распуштиме парламентот и јас му ветувам дека ќе работиме заеднички, доколку не победат на тие избори, да Македонија ќе дадеме се од себе да добие датум, да влеземе во НАТО, да имаме подобра економија итн, ако после тие избори ВМРО-ДПМНЕ остане во опозиција. Еве, нека се охрабри и тој. Нема потреба од брифирање, нема потреба од лажно храбрење. Но, јас го разбирам. Јас го разбирам зошто тоа го прави. Зоран Заев е притиснат внатре, веќе никој внатре нема доверба во неговите политички чекори. Затоа што знаат дека ги води во бездна и СДСМ и веќе се создава сериозна раслоеност внатре во СДСМ и него му беше потребна еден ваков ПР чекор за да ја зајакне дисциплината внатре во СДСМ лиферувајќи една ваква “желба – анкета” би ја нарекол, која што е далеку од реалноста. Реалноста е дека во овој момент доколку се одржат парламентарни избори, еве држете ме за збор, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би била повеќе од 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа тој го знае. Тоа го знаат сите разумни луѓе во раководството на СДСМ и токму тоа е причината, а не приватизирање на процесот и индиректно инволвирање на целокупната меѓународна заедница во насока на продолжување на политичката кариера на овие криминогени, измамнички структури, кои што се дел од политичката каста што владее денеска со Република Македонија. Ајде охрабрете се, да излеземе на избори уште веднаш, оној којшто ќе победи, ако е така, ако имаме 3% тоа значи дека се повеќе од 55 илјади разлика, ќе победат убедливо и така натаму, ајде да формираме техничка Влада, да одиме на избори и потоа тој што ќе биде поразен да му подаде рака на противникот. Но, реалноста е 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е основната причина. Каков датум, какво НАТО, какви економски политики. Еве ги гледаме економските политики кои се, рече Мицкоски.