Драги браќа и сестри од Бугарија,
Со божја помош за неколку дена ќе бидам меѓу вас. Да дојдам во Бугарија, за мене и за моите соработници ќе биде едно поклонение под знакот на верата, на единството и на мирот. зашто вашата земја е родина на сведоци на верата уште од времето кога светите браќа Кирил и Методиј таму го ширеле Евангелието. Нивниот труд беше многу корисен, зашто донесе многу плодови и во тешките моменти на минатиот век. Многупати тоа беше повторувано од Свето Јован Павле II, кој работеше толку многу, за да може Европа повторно да ја открие силата на Христа и за да може одново да дише со двата бели дроба. По неговите стапки ќе ја имам честа да се сретнам со Неговото Парвосвештенство Патријархот и со Светиот синод на Бугарската православна црква.Заедно ќе ја изразиме желбата да го следиме Господа Исуса по патот на братското заедница меѓу сите христијани…
Ова е дел од обраќањето на папата Франциск испратено до бугарската јавност ден пред официјалната негова посета на Бугарија, што започна денеска.
И само еден поглед е доволен за да се направи разлика меѓу ова и обраќањето до македонската јавност пред посетата на Скопје. А, може да се види дека светите браќа Кирил и Методиј се споменуваат само во обраќањето до бугарската јавност, но не и во тоа за македонската.
Едноставно, папата Франциск ги „избриша„ браќата Кирил и Методиј од Македонија или Северна Македонија, како што тој пишува, и ги запиша во Бугарија. Иако солунски браќа, според него, тие таму, во Бугарија, ама не и во Северна Македонија го ширеле Евангелието. А, античка, грчка или како сакате наречете ја Македонија не ја ни споменува.
Comments are closed for this post.