На 03.05.2019 година во 11:10 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ и улицата “Б.Б.Гуцман“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Там“ со кумановски регистерски таблици, управувано од М.Р.(60) и патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблици, управувано од И.Ѓ.(28), двајцата од Куманово.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот И.Ѓ. и двајца сопатници од двете возила С.С и С.Р. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.