Во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на 29-годишната Н.П. биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало.

Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција.

Се работи на расчистување на случајот.