Силно невреме го зафати поголемиот дел на Скопје околу 15 часот. Краткротрајниот дожд надополнет со ветер предизвика краткотраен прекин во водоснабдувањето. Ветерот предвизвика и пад на едно дрво кај центарот за странски јазици при што е оштетен еден автомобил.

Паднато дрво има и кај амбулантата во Карпош 1 и се очекува надежните служби да го расчитат.