30 дена притвор oдреди судот за бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен истрага на СЈО наречена „Империја“.
Покрај за Камчев, притвор има и за други четворица кои се осомничени во истиот случај, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски.
СЈО соопшти дека по спроведена предистражна постапка отвори нова истрага под кодно име „Империја“ против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.
Comments are closed for this post.