Новиот предлог-закон за возила, со кој ќе се воведе еколошка категоризација на возилата, предвидува налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако приватното возило нема налепница.

Тоа е утврдено со членот 9 од предлог законот, со кој се менува членот 26 на постоечкиот закон, со кој се исфрла регистрациска налепница и таа се заменува со новата еколошка налепница. Според одредбите од член 26 казната за возење нерегистрирано возило и неносење регистрациска налепница за приватно возило е 500 евра, а бидејќи со новиот закон таа ќе биде заменета со еколошката налепница, казната во тој износ останува