Пред официјалното напуштање на премиерската функција Зоран Заев подготвува решение на спорот со Бугарија кое повторно ќе биде на штета на Македонија и на македонските нациолнални интереси.

Како што дознава „Пресинг ТВ“, планот на Заев е решавањето на отворените прашања со Бугарија да и го остави на Европската унија и Договорот за добрососедство да влезе во преговарачката рамка. Со други зборови, спорот со источниот сосед, од билатерален ќе стане европски што никако не ни одговара.

Што предвидува планот на Заев

Договорот за пријателство ќе влезе во делот за добрососедските односи а Бугарија во знак на добра волја ќе се согласи Македонија да ги почне преговорите. Бугарија со тоа нема ништо да загуби, напротив ќе излезе кооперативна и во очите на Европа ќе биде пофалена дека дозволила Македонија, а со тоа и Албанија да ги почне преговорите.

Сите отворени прашања,  во однос на толкувањето на историјата, јазикот, внесувањето на Бугарите во Уставот,  ќе треба да се решаваат во текот на преговорите а Бугарија ќе може да стави рампа кога сака.Но, тоа нема да биде грижа на Заев туку на неколку влади после него бидејќи преговорите ќе траат најмалку десетина години.

Бидејќи малку е веројатно Бугарија да избере нова влада до 14 декември за кога е закажан Самитот на ЕУ, ветото за Македонија ќе го тргне претседателот Румен Радев.

Заев и ЕУ тоа ќе го претстават како голема победа со што ќе ги оправда сите игри со пропаднатиот обид за гласање недоверба на владата.

Дознаваме и дека се разработува посебна стратегија од „пиарџиите“ на Заев како тоа да се „продаде“ на јавноста за премиерот да испадне херој кој ги решава отворените прашања со соседите.

Откако и тоа ќе биде исполнето, Заев навистина планира да се повлече од премиерката функција на почетокот на следната година.