Комисијата за заразни болести го откажа состанокот кој требаше да се одржи денеска.

Според најавите на состанокот  требаше да се одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот.

Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.