Во Собранието во моментов  осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” кои гласаа „за” пристапување кон уставни измени имаат средба со прењмиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Рената Тренеска Дескоска.

На средбата според информациите од владејачкото мнозинство се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата треба да ги достави до Собранието.

И пратениците кои ќе делуваат како независни  претпладнево ја потврдија средбата и посочија дека ќе се разговара за уставните амандмани во согласност со нивните барања за зајакнување на идентитетот, за одложена примена на името Република Северна Македонија по влезот на ЕУ и за ништовност на уставните измени доколку Грција не ја ратификува спогодбата.