Некогашното раководство на СДСМ повикува на здрав разум и свест, оставка и одговорност по објавувувањето на скандалозното интервју на актуелниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев. Актуелното раководство, пак, преку соопштение застана зад него.
Основачот на СДСМ Бранко Црвенковски, поранешната потпретседателка Ана Данева, некогашната претседателка на скопската организација Софија Куновска, секретарот на партијата од 2003 до 2005 Андреј Петров, Наташа Савова, поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева се оградија од ставовите на Зоран Заев и побараа итно свикување на партиските тела.
Со реакција излезе и Поранешниот кадар на СДСМ, Зоран Јовановски.
Гледам ќе се казнувал говор на омраза против странски народи и држави. А, има ли казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава?, прашува Јовановски.
Црвенковски напиша:
Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.
Затоа, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ, пишува во обраќањето Бранко Црквенковски.
Comments are closed for this post.