Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на Уставот.

Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Македонија, па на регионот, вели Османи за ТВ Телма.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за БТВ денеска повтори дека гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, за кој оценува дека за Македонија ќе трае најмалку 10 години.