Мојот и ставот на ДУИ за Исламската верска заедница (ИВЗ) е дека беше скандалозен и срамен чин на упад врз автономијата на уставно загарантираната автономија на верските заедници, во овој случај на ИВЗ, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Затоа, продолжи, државата треба да ги преземе сите мерки да ја гарантира оваа независност и оваа автономија на верските заедници вклучувајќи ја и ИВЗ.

Проблемот во ИВЗ ескалира вчера попладне кога со одлука на судот за нов поглавар на ИВЗ беше назначен Скендер Бузаку, кој најави дека од денеска го презема раководењето со верската заедница. Тој притоа напомена дека ја повикал финансиската полиција да ги детектира неправилностите во работата на раководните тела на ИВЗ.