Бугарски авион ќе ги пренесе до Скопје телата на 45-те загинати патници во запалениот автобус на автопатот „Струма“. Предавањето на посмртните останки ќе се одвива според организиран државен протокол најдоцна до петок, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Осмаи на својот фејсбук профил.
-По разговорот со г-динот Сарафов, донесовме одлука за начинот на предавање на телата на нашите сонародници, кои ги изгубија животите во трагичниот инцидент. Тоа ќе се случи в четврток, 2 декември. Владата на Бугарија го прифати нашето барање пренесувањето од Софија до Скопје да биде со авио на Бугарија, а од меѓународниот аеродром, преку организиран државен протокол, истиот ден или в петок, на 3 декември, останките ќе им бидат предадени а семејствата во нивите домови. Остануваме во тесна комуникација со семејствата за други детали и јавноста ќе биде исто така информирана авремено, напиша Османи.
Comments are closed for this post.