Во 2006 година Парламентот има донесено Декларација за извинување на семејствата, на жртвите на комунизмот и ние сме подготвени да влеземе во реафирмација на таа Декларација како позиција на независната држава С.Македонија кон тој однос.
Ова меѓу другото го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за утринската емисија на БТВ. Разговорот најверојатно е снимен ден по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков минатата недела на Скопје, а е објавено ден пред заедничката средба на двете Влади утре во Софија.
-Меѓутоа, и други практични аспекти, пристапот до архивите и потоа евентуално отворање на сите тие случаи, кои што, доколку има потреба од нив, да се разговара, па зошто да не и да се процесуираат доколку има за тоа законска можност, со цел веќе ова прашање да не биде мит, да не биде прашање кое ќе се користи во политичката агенда на било кој. Мислам дека општеството не бега од еден таков пристап и ние сме подготвени да влеземе во еден таков процес, изјави Османи.
Comments are closed for this post.